ЈП „Паркови и зеленило“ со акција во општина Центар

Сподели

 

Во склоп на пролетната работна акција што деновиве се спроведува на територија на општина Центар, активностите на екипите на ЈП Паркови и зеленило се одвиваат согласно планираните работни задачи.

 

 

Со денешните активности за чистење и средување на јавните зелени површини се спроведе расчистување на зеленилото, собирање на отпадоци и смет, како и собирање шут и гранки од зеленилото на улица „Васил Ѓоргов“ и булевар „Св.Климент Охридски“. На терен екипите извршија и косење на тревни површни на зеленилото, собирање на откосот и кроење на вегетацијата. Истовремено, екипите од Секторот Дрвореди постапија по пет Решенија, при што вкупно се искастрија 7 дрвја на улиците „Васил Ѓоргов“, и „Народен Фронт“ врз основа на издадени Решенија од страна на Град Скопје.

Според планот на активностите утре, теренските екипи ќе работат на јавното зеленило на булевар „Гоце Делчев“.