„Бојкотирам уставни промени“ најави блокади и механизација против уставните измени

Сподели

 

Движењето „Бојкотирам уставни промени“ од синоќешниот протест во Скопје најави нови протести и блокади во целата земја.

Учесниците најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија сѐ додека не се исполнат поставените барања.

Демонстрантите побараа стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија. Тие најавија продолжување на протестите се додека не се исполнат поставените барања. Ги повикаа граѓаните да им се приклучат и да бидат секој ден пред Паркот на жената борец од 16 до 20 часот. Најавија дека таму ќе бидат и на први декември, кога е предвидена седница на Собранието за нацрт-амандманите за уставни измени.

Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржале македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права.