ЈСП Скопје домаќин на крводарителска акција – крв даруваа 47 вработени

Сподели

 

Денеска, ЈСП Скопје беше домаќин на крводарителска акција која се организираше во соработка со Институт за трансфузиона медицина и републички Црвен Крст.

Традиционално, акцијата се реализираше во автобазите во Автокоманда и Ѓорче Петров, а крв даруваа 47 вработени од претпријатието.

 

 

Денешната крводарителска акција беше прва од четирите планирани да се одржат во текот на 2022 година, на која домаќин ќе биде ЈСП Скопје, кое преку 50 години е дел од овие хуманитарни активности.