Јункер: Доставен предлогот во ЕУ за промена од зимско и летно време на сметање

Сподели

Во своето годишно обраќање пред европратениците во Стразбур, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, соопшти и дека ЕК денеска го доставила предлогот во ЕУ да престане промената од зимско и летно време и обратно.

– Промената на часовниот мора да престане. Земјите-членки треба да решат дали нивните граѓани ќе живеат според летно или според зимско време. Очекувам и Парламентот и Европскиот совет да го споделат овој став. Нема повеќе време – рече Јункер.

Европскиот парламент на почетокот на февруари годинава го одобри предлогот за укинување на зимско и летно сметање на времето и ја префрли топката на ЕК. Комисијата денеска и официјално го прифати предлогот, по што во ЕП треба да се изгласа закон и потоа ќе остане 28-те членки на ЕУ да ја прифатат промената.