Јувентус се огласи околу иднината на Кристијано Роналдо во клубот од Торино!

Сподели

Фабио Паратичи директорот на јувентус, потврди дека Кристијано Роналдо нема да замине од клубот, но италијанските медиуми сè повеќе шпекулираат дека разделбата е близу.

Португалецот има уште една година со Јувентус со кој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Изгледа дека нема ништо од тоа. Роналдо е достапен за трансфер.

Старата дама ќе бара 25 милиони евра отштета за Роналдо, а неговото заминување ќе заштеди повеќе од 110 милиони евра. Според договорот, Роналдо ќе добие 87 милиони евра бруто во следните две сезони.

Неговата плата е огромна финансиска тежина за клубот и го попречува засилувањето на другите позиции во тимот. Јувентус затоа би сакал да се ослободи од Роналдо една година порано и со тоа да заштеди значителни пари.

Проблемот е неговата плата, која во моментов ниту еден клуб не е подготвен да ја земе. Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за неговите услуги.

The post Јувентус се огласи околу иднината на Кристијано Роналдо во клубот од Торино! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico