Вести Македонија Ударни вести

К-15 за оваа година ќе изнесува 9.610 денари

Сподели:

Вработените во приватниот сектор, и оваа година ќе добијат регрес за годишен одмор (К-15), во износ од 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40% од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна.

Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на регрес, бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година.

Сподели: