Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешки последици за британската економија

Сподели

Dejvid-Kameron

Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде „билет во еден правец“ и ќе предизвика тешки последици за британската економија.

Камерон, во интервјуто за „Сандеј тајмс“ ги обвини сопартијците Мајкл Гоув и поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кои се залагаат за излегување од ЕУ, дека користат „целосно неточни податоци“.

– Првото е дека Турција ќе биде дел од ЕУ, второто е дека ние испраќаме по 350 милиони фунти секоја недела во буџетот на ЕУ и трето дека постојат планови за европска армија и дека Британија ќе биде дел од неа, наведе Камерон, додавајќи дека ќе остане на функцијата дури и ако Британците поддржат излез од ЕУ.

Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешки последици за британската економија