Ултиматумот на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест

Сподели

Истече рокот од ултиматумот кој го поставија граѓанските здруженија и „Шарена револуција“, а иницијативата за Специјалното јавно обвинителство не се најде на дневниот ред за следната седница на Уставниот суд, закажана за среда.

Граѓаните и „Шарена револуција“ завчера со герила акција го испишаа последниот број од одбројувањето и најавија голем протест за понеделник, 20 јуни. До тогаш не се предвидени посебни активности. Вчера на страницата на „Шарена револуција“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше објавено промотивно видео за претстојниот протест.

„Режимот планира да го укине СЈО! Граѓаните доаѓаат по правдата“, стои во повикот.

Од „Шарена револуција“ во четвртокот соопштија дека нивните активности нема да запрат по истекувањето на ултиматумот, но не открија кои ќе бидат следните нивни чекори. Во врска со тоа што нивното барање, не се најде на дневниот ред на Уставниот суд, активистите соопштија: „Во оваа држава, се е можно. Има време, до среда може и да се најде на дневниот ред“.

„Шарената револуција“, освен што бара Уставниот суд да се изјасни СЈО, исто така бара да престане полицискиот прогон врз демонстрантите.

Ултимативниот рок на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест