Кампањата за претседателските избори започна

Сподели

Денеска официјално стартува изборната кампања за претседателските избори.

Кандидатката Гордана Силјановска тргнува од Охрид, Стево Пендаровски од Прилеп, а Блерим Река во почетокот на изборната кампања ќе одржи митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.

Предизборната кампања ќе трае до 19 април, по што следува 24 часовниот предизборен молк. На претстојните претседателски избори право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓани.

Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.