„Охридско лето“ носи полска музичка вечер во Скопје

Сподели:

Полските музичари Мариуш Патира, виолина, и Радослав Курек, пијано, на 17 ноември од 20 часот ќе одржат концерт во Камерната сала на Филхармонијата, во организација на „Охридско лето“.

Патира е меѓународно признат виолинист и добитник на првата награда на престижниот натпревар „Премио Николо Паганини“ во Џенова, додека Курек е наградуван пијанист и камерен музичар со богата меѓународна кариера.

Концертот е дел од активностите на „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона, со кои се продолжува промоцијата на врвната музичка уметност и квалитетните музички содржини во текот на целата година.

Сподели: