Кан: На Лондон му е потребна поголема автономија

Сподели

Кан бара пренесување на фискалната одговорност, вклучувајќи го овластувањето за зголемување на данокот и поголема контрола во разни области, вклучувајќи го урбанизмот, транспортот, здравството, полицијата, бизнисот, кривичното гонење

thumbs_b_c_c6ea1f60b0b8d31ea2cdc74ceffce3b5

ЛОНДОН (АА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека на британската престолнина ѝ е потребна поголема автономија во екот на економската неизвесност по одлуката на Британците на референдумот да ја напуштат Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).

Кан истакна дека ќе побара да се заштити економијата на Лондон од економската неизвесност која ги очекува во иднина.

„Потребна е поголема автономија со цел да се заштити економијата на Лондон поради неизвесноста која претстои. Поголема автономија за да се заштитат бизнисите од целиот свет кои се изведуваат тука и поголема автономија за да се заштитат нашите бизниси, богатство и просперитет”, изјави Кан.

Градоначалникот истакна дека не бара Лондон да го добие „поголемото парче од британкската торта”, туку жителите на Лондон „да имаат поголема контрола врз парчето торта кое веќе е нивно”.

Кан бара пренесување на фискалната одговорност, вклучувајќи го овластувањето за зголемување на данокот и поголема контрола во разни области, вклучувајќи го урбанизмот, транспортот, здравството, полицијата, , бизнисот, кривичното гонење.

Иако Лондон ужива одредена независност, градските власти ги немаат истите овластувања како тие во останатите големи светски градови, како што е Њујорк.