Вести Свет

КАНАДА: Затворање на термоелектрани на јаглен

Сподели:

kanada-520x390

Канада до 2030 година ќе ги затвори своите електрани на јаглен за да се забрза намалувањето на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, најави канадската министерка за животна средина Кетрин Мекена.

– Тие електрани, кои се наоѓаат во четири канадски провинции, емитуваат околу 10 отсто од вкупната емисија на гас во Канада, а нивното затворање ќе биде еднакво на повлекување на 1,3 милиони автомобили од сообраќајот -изјави министерката.

Сподели: