Кардинал на Ватикан обвинет за сексуална злоупотреба на деца

Сподели

Шефот на секретаријатот за финансии на Ватикан и кардинал на Австралија, Џорџ Пел, повикан е пред суд под обвинение дека во 70-тите години на минатиот век, додека бил на должност во градот Баларат, извршил сексуална злоупотреба над повеќе од едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).

Заменик-шефот на полицијата на австралиската сојузна држава Викторија, Шејн Петон соопшти дека е донесена одлука Пел да биде повикан пред суд под обвинение дека во 70-тите години на минатиот век, додека бил на должност во градот Баларат, извршил сексуална злоупотреба над повеќе од едно дете.

Петон изјави дека се поднесени повеќе жалби против шефот на секретаријатот за финансии на Ватикан, кардиналот Пел, и додаде дека судскиот процес против Пел ќе започне на 18 јули, во Основниот суд во Мелбурн.

Полицијата на сојузната држава Викторија минатиот месец започна истрага за утврдување на наводите за сексуална злоупотреба по налог на Јавното обвинителство (ДДП). Пријава против кардиналот Пел поднеле двајца мажи, кои сега се на 40-годишна возраст.

– Кардиналот не ги признава обвинувањата –

Од хиерархиски аспект, кардиналот Пел се наоѓа на трето место во Ватикан. Пел, преку Сиднејската католичка црква даде писмено соопштение во коешто истакнува дека не ги признава обвинувањата и со цел да го исчисти своето име, истакнал дека ќе дојде во Австалија.

Кардиналот Пел не ги призна ниту претходните обвинувања, изјавувајќи дека тврдењата не ја отсликуваат вистината.

Тој претходно даде изјава пред Кралската комисија во врска со истрагата за сексуална злоупотреба на деца во католичките цркви во периодот 1980-2010 година, а доброволно имаше средба и со австралиските полициски службеници кои во октомври 2016 година допатуваа во Рим.

– Одлуката беше поздравена од страна на жртвите на злоупотребата –

Фил Нагл (51) е едно од 4.444 деца кои според извештајот на Кралската комисија биле жртва на католичките свештеници во Австралија во периодот 1980-2010 година. Нагл за дописникот на АА изјави дека ја поздравува одлуката со којашто кардиналот Пел е повикан пред суд.

Тој изјави дека кон кардиналот Пел треба да се однесуваат како кон секој што ќе изврши сексуална злоупотреба над деца. „Според мене, полицијата донесе правилна одлука, бидејќи против Џорџ има многу докази“, вели тој.

Нагл зборуваше и за изјавата на Пел пред Кралската комисија, и истакна: „Кралската комисија имаше за цел да дознае што знае Пел. Сега полицијата ќе истражи што направил (Пел)“.

Нагл е едно од децата кои биле жртва на сексуална злоупотреба од страна на свештеникот Стивен Френсис Ферел, член на Христијански браќа, за време на неговото школување во Основното католичко училиште „Свети Алимпије“ во Баларат. Тој се бори виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата.

Во 2013 година беше основана Кралската комисија со цел да се истражат случаите на сексуална злоупотреба на деца во католичките цркви во Австралија од 1950 година досега.

На крајот од истражувањето, Кралската комисија соопшти дека 4.444 деца биле жртви на сексуална злоупотреба и силување од страна на свештениците во црквите. Комисијата, која претставува највисок истражен орган во Австралија, продолжува со работата.