Карпошани сами ќе ја проверуваат исплатливоста од алтернативното греење

Сподели

 

Општина Карпош известува дека се изработува софтвер преку кој граѓаните можат да прават проверка на техничките и финансиските аспекти за промена на моменталниот нивен систем за греење/ладење со систем на обновливи извори на енергија.
 
Ова е едно од решенијата кое е во тек на имплементација, во рамки на проектот „REPLACE“ од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската унија.
 
Со изработката на софтверското решение граѓаните ќе можат сами да пресметаат колку средства треба да вложат, но и, на среден и долг рок, колку ќе заштедат со промена на системот на греење. Ова е дополнителна мотивација за користење на обновливите извори на енергиja, замена на нееколошките системи и обезбедување на почист воздух и здрава животна средина.
 
Општина Карпош е активен учесник во овој проект, а минатата година се анализираше состојбата на начинот на кој се греат индивидуалните домаќинствата во три општини (Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров).
 
Имајќи предвид дека аерозагадувањето е еден од најголемите проблеми, локалната самоуправа е фокусирана да биде поддршка за замена на постојните системи на греење/ладење и на индивудуалните домаќинства во еколошки и поштедливи.
 
Во Карпош, во урбаното јадро веќе нема јавна установа која се грее на нееколошки начин. Со промената на системот за греење на градинката „Пролет“ во Влае 1 придонесовме повеќе да нема јавни објекти кои се греат на фосилни горива, соопштуваат од општината.