КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА МТВ: СИТЕ ПРЕДМЕТИ ЌЕ БИДАТ ОБЕЛОДЕНЕТИ ВО СУДСКА ПОСТАПКА

Сподели

katica

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за прв пат гостуваше во државниот сервис МТВ, каде во своето прво интервју призна дека имало суптилни закани кон таа институција, пришто нагласи дека нејзе ја мачат само законските обврски со роковите на предметите и безбедноста на сведоците кои им помагаат. Таа изјави дека освен прислушуваните разговори, имаат доволно материјални докази за низа предмети кои ги обработува СЈО, притоа нагласувајќи дека сите ќе бидат обелоденети во судска постапка.

„-За двете обвиненија за кои ме прашувате СЈО има доволно докази, поради што очекуваме судот да постапи согласно изнесените докази и дека по нив ќе одлучува согласно законот. Јавноста треба да биде убедена дека како поднесените обвиненија и другите ќе бидат засновани на факти и докази. Сакам да го презентирам извештајот и пред Советот на обвинители и пред Собранието за да ја интевизираме нашата соработка, а пред се за да апелирам за донесувањето на измени за Законот за заштита на сведоците и пролонгирање на рокот за истрага“.

Запрашана дали му верува на скопскиот Кривичен суд каде судејќи според доказите ќе бидат судени низа од предметите, Јанева рече дека веруваме дека во скопска единица има професионалци кои ќе знаат добро да работат.

Нагласи дека одлуката на Уставниот суд за СЈО ќе биде во корист на ова обвинителство, пред се во владеење на правдата во земјава и во корист на граѓаните.