Вести Македонија Ударни вести

Катната гаража „Судска палата” од денеска во функција

Сподели:

 

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000,00 денари.

Од понеделник, сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање можат да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата” или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.

Сподели: