Премиера на „Врба“ од Милчо Манчевски во Cineplexx

Сподели

 

Синеплекс, Премиера на ВРБА – Милчо Манчевски, 1.ноември

 

Шестиот филм на Милчо Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.