Артан Груби е на црна листа за сомнежи за криминал во истата влада и за исто време и кога Венко Филипче беше министер. Па отука прашуваме:
Дали раководството на ДУИ ќе се огради од Артан Груби?
Дали СДС јавно ќе ја поздрават одлуката на Стејт Депртментот, Груби да биде на црната американска листа?
Уште ли сметаат од СДС и ДУИ дека напорите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата во судството е притисок врз судството?
Али Ахмети како е? Уште ли ќе се прави загрижен патриот за Албанците или ќе погледне во лице на вистината дека ДУИ е високо криминализирана.
После Мерко, сега и Груби, ДУИ има двајца актуелни функционери на црна листа на САД. Ќе го постави ли некој прашањето во ДУИ до кога вака? Или уште ќе им биде како до сега.