КИРАЦОВСКИ: Благодарност за мирниот изборен, ден убедени сме дека резултатите ќе ја потврдат одлуката за промени

Сподели

Почитувани претставници на медиумите,
Сакам на сите граѓани на Република Македонија да им се заблагодарам на мирниот, достоинствен и демократски избирачки ден.

Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам задоволство затоа што се гласаше слободно и без притисоци.
Очекуваме сите учесници на изборите, без разлика на резултатите, со своето однесување да придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера и на крајот на избирачкиот процес.
Убеден сум дека резултатите ќе ја потврдат одлуката на граѓаните за сериозни промени во земјава кои водат кон живот во Македонија.
Вечерва победува Република Македонија и нејзините граѓани.