Вести Македонија

Кирацовски: Директорка на средно училиште ги наведувала учениците-малолетници на партиски активности за време на настава

Сподели:

– Посетите се поттикнати од големиот број на информации кои секојдневно доаѓаат до мене, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба и ставање на истата во функција на владејачката партија. Пријавите кои доаѓаат се и од вработените и од родителите, а и од учениците! Имено во сите овие институции се вршел и се уште се врши притисок врз вработените истите да бидат кворум на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и да собираат по неколку сигурни гласачи. Една од директорките на едно средно училиште ги наведувала дури и учениците – малолетници на партиски активности и тоа за време на настава – рече Кирацовски.

 Тој рече дека јасно им порачал на раководителите: Веднаш да прекинат со глупостите и да си ја гледаат работата за која земаат плата!

– Тие не смеат да бидат маша во рацете на криминалната власт, затоа што никој нема да ги спаси од одговорноста! На овој начин стануваат соучесници во криминалните активности на поединци во власта, а со тоа можат да се соочат дури и со казна затвор! Ја уверувам јавноста – Ќе направиме се изборите на 11ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните – порача Кирацовски.

Сподели: