Министерот за здравство Сашо Клековски учествувше на координативниот состанок за Реформската агенда, што го одржа премиерот Христијан Мицкоски. Министерството за здравство има два чекори во Реформската агенда 2024–2027, и двата се поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со ЕУ.
Првиот чекор е систем за рано предупредување за дроги, поврзан со системот на ЕУ.
Формирана е работна група за усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со законодавството на ЕУ, а во тек е и склучување работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA).
Со TAIEX експертска мисија се одржа работилница за подготовка на Националната стратегија за дроги, усогласена со Стратегијата на ЕУ за дроги. Целта е Националната опсерваторија за дроги, воспоставување на системот за рано предупредување и известување кон EUDA, изјави министерот Клековски.
Вториот чекор од Реформската агенда, кој е предвиден за следната година, се однесува на усогласување на листата на психоактивни супстанции со ЕУ и воведување дефиниција за „нова психоактивна супстанција“ во законодавството.
– Ова не се само административни обврски. Функционален систем за рано предупредување значи навремено да откриеме нови опасни супстанции и побрзо да реагираме за заштита на здравјето на граѓаните, додаде министерот за здравство Клековски.


