Клубот на младински прашања и политики во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“

Сподели

 

По барање на студентите од Универзитетскто студентско собрание, денеска пратениците Моника Зајкова, Мухамед Кадриов, Артина Ќазими, Фиснике Бектеши, Сафије Садики од Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија и претседателот на Универзитетското студентско собрание, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“- Скопје, Славчо Темелковски, ќе го посетат студентскиот дом „Стив Наумов“.

Целта на посетата е да се изврши увид во просторите и да се оцени дали поправките и реновирањето се одвиваат согласно предложениот Акциски план за реализација во студентските домови, на активности побарани од студентите на Министерството за образование и наука.