Клубот на пратенички: Згрозени сме од сексистички и мизогонистички изјави од партиски фукционери или новинари

Сподели

 

Клубот на пратенички е собраниско тело кое ги здружува пратеничките од сите парламентарни политички партии, како и независните пратенички. Ние, заеднички без оглед на партиската или етничката припадност работиме заедно кон унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија.

Како Клуб на пратенички, постојано ги следиме изјавите на говор на омраза кон жените, особено кон жените во политиката. Згрозени сме од последните неколку примери на говор на омраза, сексистички и мизогонистички изјави од партиски фукционери или новинари.

За жал, говорот на омраза кон жените во политиката, но и воопшто, не познава партиски, етнички или религиозни граници. Сите жени се жртви, а ние како нивни претставнички во Собранието на Република Северна Македонија ќе се бориме да го елиминираме говорот на омраза.

Бараме професионално и етичко однесување од сите политички партии, од сите нивни функционери, од сите медиуми, од сите новинари. Бараме од нив да се однесуваат согласно сите конвенции за почитување на човековите права, со акцент на правата на жените – стои во денешното соопштение од Клубот на пратенички.