КОАЛИЦИЈА ЗА ПРАВДА: Враќање на достоинството, честа и нормалниот животен стандард

Сподели

koalitsija1

Третиот блок, односно Коалицијата за промени и правда ќе добие доволен број пратенички мандати за формирање влада, наведува Коалицијата во денешното соопштение.

„Работничката класа, организирана во синдикални организации и Работничката партија, без оглед на националната и верската припадност конечно ќе сфати дека само претставниците на класата како пратеници во Собранието, можат во целост да ги реализираат сите нивни класни барања за еднаквоправност на сите граѓани, за повисок животен стандард и за зголемување на работничките права како што се изедначување на управувачките права во сите фирми и тоа 50% по основ на капитал и 50 % по основ на трудот на вработените“, се наведува во соопштението.

– Работници и работнички организации – синдикати, не ја испуштајте вашата последна шанса за враќање на вашето достоинство, чест и нормален животен стандард – повика Коалицијата за промени и правда.

Според третиот блок, ДПМНЕ и СДСМ нема да освојат доволен број пратенички мандати затоа што 25 години со своите влади директно влијаеа на осиромашувањето на РАБОТНИЧКАТА КЛАСА во Македонија и за тие 25 години за 11 пати го урнаа нивниот животен стандард.