Вести Свет

УНГАРИЈА: Амандманот против бегалската квота на Виктор Орбан не се усвои

Сподели:

orban-borders-brussels-superjumbo

Унгарскиот Парламент денеска не го прифати амандманот на Уставот на премиерот Виктор Орбан против бегалската квота, односно амандманот со кој на бегалците би им се забранило да се населат во Унгарија.

Орбан не ги добил неопходните две третини од гласовите во Парламентот, односно за прифаќање на амандманот му недостигаа само два гласа.

Амандманот го поддржале 131 од 199 пратеници а за да биде усвоен беше потребна поддршка од 133 пратеници.

Орбан претходно изјави дека усвојувањето на амандманот е неопходно за да се потврди резултатот од референдумот за бегалските квоти, одржан на 2 октомври.

 На референдумот, иако гласаа помалку од половината државјани на Унгарија со право на глас, повеќе од три милиони Унгарци гласаа против бегалските квоти на Европската унија.

Ова е прв пат по 2010 година унгарскиот Парламент да гласа против одлуката на премиерот. Аналитичарите оценуваат дека со оваа одлука Парламентот го става Орбан во тешка позиција, во која ќе мора да им објаснува на гласачите зошто не упеал во намерата.

Европската унија минатата година усвои одлука за задолжителни квоти за прифаќање мигранти.

Орбан повеќе пати нагласуваше дека таа одлука е „нелегална, неразумна и нефер“ и оти Брисел со тоа ги пречекорил своите овластувања кога ја одредил таа распределба и покрај противењето на некои земји, претежно од Источна Европа.

Сподели: