Кочо Анѓушев тежи 28.000.000 евра

Сподели:

Богатството на Кочо Анѓушев тежи скоро 30 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања, денеска јавно го обелодени својот анкетен лист, пренесува 24 Вести.

Семејството  Анѓушеви поседуваат станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција  која има  вредност од 250.000 евра.

Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје.

На име на Анѓушев  се две луксузни  возила – марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.

Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.

Со ваков анкетен лист Анѓушев одлучи да се откаже од државната месечна плата од  81.000 денари. Најави дека  ќе ги донира во добротворни цели.

Сподели: