Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Кога ќе излезам од болница сакам да се запознаам со семејството Диневи

 

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. ❤️

„Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе излезам од болница сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство. Јас сум член на нивното семејство“, вели Иван Огњановски, првиот пациент на кого му беше трансплантирано срце.

Честитки за д-р Сашко Јовев и целокупната екипа!

Сподели: