Кои информации се избришани во СЈО и кој издаде боледување на Катица

Сподели

 

Специјалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Ова е содржано во писмениот одговор што „360 Степени“ го доби денеска откако по претходно добиени дополнителни сознанија за тоа што се случувало во СЈО во изминатите денови и недели, претпладнето испративме неколку прашања до ова обвинителство.

СЈО во саботата демантираше дека е издадена наредба за бришење компјутери што беше реакција на текстот на „360 Степени“ под наслов „Катица Јанева наредила‚ форензичко бришење’ на компјутерите во СЈО“.

Докторката Љуба Цилкова, директорката на психијатриската болница во Негорци го потпишала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, јави ТВ Телма. Сопругот на Цилкова, Методи Цилков, е вработен во СЈО. Тој работи во приемното одделение.

ТВ24 денеска контактираше со директорката Цилкова која на нашето прашање по која основа и дала боледување на Јанева, одговори :

Toa не се информации за јавно споделување. Ве молам оставете ме на мира, не ме барајте повеќе, изјави во телефонски разговор Цилкова