Коледарчиња затропаа на вратата на Општина Центар

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги пречека коледарчињата од градинката „13 Ноември“ кои со песни и џагор утринава затропаа во неговиот кабинет, возбудени и весели.

 

 

“Ги пречекавме и ги угостивме нашите мали пријатели, предвесници на Христовото раѓање и големиот празник Божиќ. Како што е редот, добија пакетчиња полни со слатки задоволства.

Коледарските песни утре нека се пеат и пред домовите. Да си ја почитуваме и негуваме нашата убава традиција и да ги отвориме вратите и душите за празничните радости. Во мир и слога да ги прославиме Бадник и Божиќ”, изјави градоначалникот Герасимовски.