Спорт

Колку чини Халанд? Откриена големата фудбалска тајна, Баерн веднаш се откажа!

Сподели:

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд (21) без сомнение е еден од најдобрите и најбараните напаѓачи во светот, а постојат сите шанси Дортмунд да не може да го задржи следната сезона.

ФОТО:Profimedia

Се очекува некој од богатите клубови да ја „активира бомбата“ и да го донесе Халанд на лето, а со секој негов гол во дресот на „милионерите“ цената му расте.

Моментално е повреден, но веќе 13 пати ја затресе мрежата на само десет натпревари, а сега се знае колку би требало да одвојат клубовите за него.

Германскиот менаџер Волкер Штрут, кој ги застапува Тони Крос и Тимо Вернер, објасни дека е невозможно да му се исплатат само 80 милиони, колку што неофицијално е неговата клаузула следното лето.

„Трансферот на Халанд сигурно ќе биде следното лето, но клубот кој сака да го донесе со тоа обештетување ќе мора да плати повеќе провизии на агентот и плата за договор кој ќе биде, да речеме, на пет години. Сето тоа ќе чини помеѓу 250 и 300 милиони евра“, рече Струт и ги остави сите без текст.

„Толку вреди Халанд во моментов“, додаде агентот.

Познато е дека за кариерата на Халанд се грижи Мино Рајола, кој добро ќе го наплати тој трансфер, а Норвежанецот нема да игра за ситници и бара огромна плата, една од најголемите во светот на фудбалот.

Така го исклучи Баерн од приказната, па практично останаа само Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и ПСЖ.

Баерн и да ги има тие пари, нема ни да се обиде да го донесе Халанд. Во Германија тоа би предизвикало големо негодување доколку на еден играч му дадат годишна плата од 50 милиони евра“, објасни Штрут.

The post Колку чини Халанд? Откриена големата фудбалска тајна, Баерн веднаш се откажа! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: