Пропусти на Судскиот совет, констатира Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИСот во судовите

Сподели

 

Комисијата за надзор на функционалноста на Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) на Министерството за правда по извршениот надзор во неколку судови во државата, констатирала повеќе пропусти.

Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата, Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби: 

 
  • Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС
  • Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност   
  • Недоволен број на информатичари во судовите
  • Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми
  • Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели
  • Тонското снимање главно не функционира 
Записници од извршените надзори во судовите
Записник од ОС Куманово Записник од ОС Берово
Записник од ОС Крушево Записник од ОС Кратово
 
 
Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава, информираат од Министерството за правда. 
 
Министерството за правда и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.