Коњ бил чуван во Дебар маало на тераса – сега е згрижен во ЗОО Скопје

Сподели

 

По пријава на граѓани вчеравечер до МВР, дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштен објект, екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ излегоа на терен и го спасија коњчето, кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода.

 

 

Доцна вечерта коњот беше пренесен и згрижен во Скопје ЗОО каде што веднаш му беше обезбедена ветеринарна грижа и соодветна нега.