Вести Македонија

КОНТРАСПИН: Одлуката на ЕУ е санкција, а прстот е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ и кон ДУИ

Сподели:

federika-mogerini

Ако некој отворено вели дека Владата е без политичка волја, Владата нема подготвеност, нема зрелост, нема политичка посветеност итн., и дека поради тоа се кратат 27 милиони евра, а дека помошта нема да биде продолжена со друг проект, спинување е да се крие дека тоа не биле санкции или казна од ЕУ за Македонија во целост, а уште поголемо извртување на вистината е за таквата одлука да ја обвините опозицијата, пишува „Вистиномер“.

Европската комисија пред три дена ја соопшти одлуката за кратење на 27,1 милиони евра од претпристапните ИПА-фондови за Македонија за 2016 година, што е блиску до 1 отсто од буџетот на РМ за годинава. По одлуката, Владата на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ги демантираат оценките во медиумите и на експертите дека станува збор за санкции, извртувајќи ја реалноста дека станувало збор за нормално кратење на средства, но и дека за лошите вести и одлуки, виновна била опозицијата.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

Сподели: