Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол.
Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано возило.
Еден возач во Струга и еден во Струмица управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Струмица предизивикал и сообраќајна наезгода, односно со возилото кое го управувал излетал од патот. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
фото МВР


