Исклучени од сообраќај неисправни 23 возила за јавен превоз на деца

Сподели

 

Вчера во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

Притоа биле исконтролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации, при што биле констатирани кривични дела и прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл.

 

 

Од сообраќај биле исклучени 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата утврдени се 24 кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок, соопштуваат од МВР.