Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Сподели:

Вчера се одржа координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој се сумираа штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град. Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето.

Град Скопје, во координација со Владата ќе врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и и воспоставена праксаќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.

Општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби ќе извршат засилени и строги контроли. Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи во предвид дека, одржувањето на истите треба да го имаат куќните совети, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели: