Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Мандатарот Ковачевски ги соопшти новите министри од СДСМ

Сподели:

 

Претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски ги соопшти имињата за составот на Владиниот кабинет од редовите на СДСМ, по завршувањето на седницата на Централниот одбор  на партијата.

Славица Грковска е предложена на позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, Никола Тупанчевски ќе биде новиот министер за правда, додека Бојан Маричиќ, ќе биде вицепремиер за евроинтеграции. Љупчо Николовски се враќа на својата некогашна функција, министер за земјоделство, а Фатмир Битиќи, Благој Бочварски и Оливер Спасовски остануваат на досегашните позиции.

Славјанка Петровска е предложена на позицијата министер за одбрана, Бисера Костадиновска Стојчевска е предложена за министерка за култура, а Јована Тренчевска за труд и социјална политика.

Предлозите за нови министри и предлог-владината програма, мандатарот Ковачевски ќе ги достави до Собранието уште во текот на утрешниот ден.

Сподели: