Ковачевски: Го чекаме исходот од надлежните служби за смртта на Јана

Сподели

 

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и јавен обвинител се во болницата во Битола, откако вчера во болницата почина шестгодишното девојче Јана.

“Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста. Врз основа на факти, треба да се утврди што се има случено таму и врз основа на тие факти да се изречат соодветни санкции, таму каде што ќе биде потребно”, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Разговаравме и вчера и утрово со министерот за здравство. Тука е и директорката на ДЗСИ, а веќе е отпочнат и вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола. Информирано е и Јавното обвинителство во однос на овој случај.

Министерот за здравство Фатимр Меџити посочи дека постапиле веднаш уште вчера кога ги добиле првите информации за случката во Битола.

– Го чекаме исходот од надлежните служби, од ДЗСИ и инспекторите и веднаш уште во текот на денот ќе бидете известени. Се уште не сме стапиле во контакт со семејството на девојчето. Прво чекаме да видиме што е грешката, истакна Меџити.