Вести Изјави Македонија Ударни вести

Ковачевски-Лајчак: Војната во Украина налага итна интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Сподели:

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата денешна посета на Брисел, оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

За време на разговорот, премиерот Ковачевски и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се согласија дека војната во Украина наметна неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на средбата со Лајчак рече дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Сподели: