Коѕиjас потврди дека Заев и Ципрас ќе имаат телефонски разговор денеска

Сподели

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиjас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.

Коѕиjас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори што ќе си кажат, изјавувајќи дека премиерите сами ќе соопштат, пренесува „Иефимерида“.

Грчките медиуми претходно објавија дека шефот на грчката дипломатија бил на вонредна средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во премиерската палата.