Вести

Коѕиас во Луксембург: Прво името, па потоа преговори

Сподели:

kozias

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на денешниот Совет на министри за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург истакнал дека треба да ѝ се понуди поголема помош на Македонија, но останал на ставот дека прво треба да се реши спорот за името, па потоа да ѝ се понудат пристапни преговори на Македонија.

Според Коѕиас, главниот проблем на македонскиот пат кон ЕУ не е Грција, туку недостигот од демократија во нашата земја, кој, според него, е поттикнат од начинот на кој странските партнери на Македонија ја имаат научено нашата власт како да се однесува.

– За настаните во БЈРМ имав долго излагање со кое ги објаснив искуствата што ги имавме со Турција во периодот од 1977 до 1979 година, кога беше прекинато нашето вето и кое покажа дека Турција продолжува да има отворени прашања во врска со нејзината перспектива за членство во ЕУ, одговарајќи со ова на честиот аргумент што се користи во ЕУ дека ако не го користевме нашето вето против БЈРМ, денес БЈРМ немаше да има проблеми. Објаснив дека главниот проблем на БЈРМ е дека има недостиг од демократска култура на дијалог и дека ова немање политичка култура на дијалог се должи на позицијата на одредени наводни пријатели на оваа држава, кои ја научија на таков начин власта да не е способна да прави ниту внатрешни компромиси и да има демократски постапки, односно однесување внатре во државата. Објаснив дека треба помалку да зборуваме јавно за внатрешната политика на БЈРМ и да помогнеме повеќе – истакна Коѕиас.

http://meta.mk/kozias-vo-luksemburg-prvo-imeto-pa-potoa-pregovori/

Сподели: