Вести Македонија

Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и Трајковски

Сподели:

Krivicen-sud-860x680

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен „ТНТ“, против кои судија претходна постапка со решение од 10.06.2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Против одлуката на Кривичниот совет не е дозволена жалба.

http://meta.mk/krivichen-sovet-sjo-neosnovano-gi-bara-pasoshite-na-gruevski-janakieski-i-trajkovski/

Сподели: