Кривичен суд денеска ќе ги сослушува осомничените од „Трезор”

Сподели

 

sud

Основниот суд Скопје 1 денеска испратил покани за сослушување до лицата осомничени во предметот „Трезор“, кој во средата го отвори Специјалното јавно обвинителство.

„Судии од одделот на претходна постапка, постапувајќи по двата предлози – предлогот за определување мерка притвор против едно лице и предлогот за определување мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и до лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот“, информираат од Судот.

СЈО пред два дена го презентираше случајот „Трезор“, во кој осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, во истражната постапка било утврдено дека четвртоосомничениот им помогнал на првите тројца осомничени да ѝ овозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.

meta.mk