Mакедонија денеска го одбележува 2 Август – Илинденското востание и Крушевска Република, и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
По повод државниот празник, во државаа се организираат свечености во Крушево, Пелинце и Скопје.
Централната манифестација ќе се одржи во Крушево, на Мечкин Камен каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде присутна на одбележувањето во Скопје каде ќе положи цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.
Свеченост ќе се одржи и на Пелинце каде ќе се одбележат 82 години од Првото заседание на АСНОМ, каде ќе има обраќање на премиерот Христијан Мицкоски.
На денешен ден во 1903 година околу 800 востаници го ослободиле Крушево, по што била формирана Крушевската Република со Никола Карев како нејзин претседател. Републиката траела десет дена, а нејзиниот крај бил означен со жестоката битка на Мечкин Камен, каде што загинал војводата Питу Гули.
Четириесет и една година подоцна, на 2 август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“ било одржано Првото заседание на АСНОМ. На него биле поставени темелите на современата македонска држава, бил донесен македонскиот јазик како службен јазик и била усвоена Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, а Методија Андонов-Ченто бил избран за претседател на Президиумот на АСНОМ.


