Кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Сподели

 

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, ќе поднесе кривична пријава против С.А.(41) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член  394 – г од Кривичниот законик.

Според пријавеното, во текот на 2022 година, на социјалната мрежа фејсбук таа објавувала содржини со кои повикувала на омраза.

Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.