Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром

Сподели:

Во текот на продолжениот викенд 19/22 март, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ “точење алкохол на малолетници”.

Сподели: