Владата вчера на вонредна седница одлучи да се намали данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок.
Премиерот Мицкоски даде одговор на прашањето зошто Владата го избра моделот на намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, наместо барањата за намалување на акцизата.
“Слободниот проток на нафта е нарушен. Постојат држави кои се соочуваат не само со ценовни шокови, туку и со недостиг на нафтени деривати за нормално функционирање на нивните системи.
Ние како дел од европскиот и светскиот синџир будно ја следиме состојбата како Влада и постојано сме во координација со сите засегнати страни и дистрибутери на нафтата и нафтените деривати, тука пред се мислам на бензините и на дизел горивото.
Но и покрај сите овие околности, досега успеваме како држава да обезбедиме за нашите граѓани и корисници најниска на за нафта и нафтени деривати, односно за бензините и дизел горивото, затоа што секое зголемување на цените на горивото претставува сериозен товар за секој семеен буџет.
Моменталната цена на бензините и дизел горивото е следна: 95 октанскиот бензин е 86,5 денари за литар, 98 октанскиот бензин е 88,5 денари за литар, додека дизел горивото е 92 денари за литар. Според нашите пресметки, а врз основа на анализа на цената на репер берзите РКЕ ќе ги донесе точните бројки и конечната одлука, но врз основа на нашите пресметки и движењето на цената на берзите очекуваме предлогот да биде зголемување на 95 и 98 октанскиот бензин од 6,5 денари за литар, додека пак за дизел горивото тоа би значело 10,5 денари за литар.
Имајќи го превид ова очекуваме дека врз основа на овие пресметки одлуката на РКЕ би била зголемување на бензините 95 и 98 октани од 86,5, односно 88,5 денари на 93 односно 95 денари, а на дизел горивото од 92 на 102,5 денари. Како одговорна Влада и Влада којашто се грижи за стандардот на граѓаните, но и целокупната состојба на државата, денеска на Владина седница донесовме одлука да се намали данокот на додадена вредност на бензините и дизел горивото од 18% на 10% и доколку ова се земе во превид тогаш очекуваме цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар.
Имајќи превид дека веќе разговаравме со ОКТА и таму одобрија попуст по 2 денари по литар, а очекувам дека во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно рабат коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници, тогаш очекувам да во суштина имаме и пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ којашто би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари.
Поради тоа што имаме убедливо најниски цени во регионот на горивата имаме притисок од страна на соседните земји, односно граѓани од соседните земји коишто доаѓаат кај нас и точат гориво, според тоа, а и според информациите коишто располагаме зголемена е потрошувачката за отприлика 9%, визави од онаа којашто е вообичаена, односно околу сто и педесет илјади литри дополнително точат граѓаните на нашите соседни држави најголем е притисокот во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, Битола и Гевгелија на јужната граница и Куманово на северната граница. Очекуваме дека РКЕ во текот на утрешниот ден ќе ја има во превид оваа одлука на Владата и со тоа нема да ја зголеми цената на бензините, односно ќе се движи во рамките на пресметките за дизел горивата согласно метологијата којашто досега е вообичаена и усвоена од страна на РКЕ и на тој начин цената на бензините би се движела во зависност од тоа дали ги користиме оние попусти од ОКТА или не, од 1,37 евра за литар до 1,4 евра за литар за 95, за 98 октанскиот од 1,4 до 1,44 евра за литар, а за дизелот од 1,52 евра до 1,55 евра за литар што е убедливо најниска цена на горивата во регионот и тоа коешто ние веќе го кажавме е фактот дека македонските граѓани, македонското стопанство ќе има најниска цена за горивата во регионот, а според овие цени и едни од најниските цени неколку во Европа имајќи предвид дека во соседна Србија 95 октанскиот премиум и обичниот 95 октански се движат после усогласувањето коешто беше објавено во петокот од 1,6 евра до 1,83 евра по литар, 100 октанскиот од 1,77 до 1,87, а дизелот 1,8 евра по литар што е отприлика за триесетина евроценти по литар поскап отколку кај нас.
Сакам да ве информирам дека електро енергетскиот сектор е стабилен. Во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40% или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е апсолутно стабилен.
Единствен предизвик претставува цената на мазутот, бидејќи таа е поврзана со онаа цена којашто ја определува РКЕ па оттука на следната редовна седница во вторник размислуваме да донесеме одлука со којашто државата ќе интервенира кон ЕСМ со одредена количина на мазут отприлика 2.000 тони со што нема да дозволиме да се зголемат трошоците на компанијата имајќи предвид поволната хидролошка состојба и консолидирањето на рудниците конечно можеме да кажеме дека во А.Д. ЕСМ состојбата е нормализирана и е стабилна, и не сакаме да дозволиме со овие повисоки цени на мазутот да дојде до дизбаланс на финансиското портфолио на компанијата. Тие знаете дека вршат регулирана дејност, потоа тоа го пријавуваат во РКЕ и врз основа на тоа и врз основа на трошоците се зголемува цената на домаќинствата електричната енергија, со оваа интервенција ние очекуваме таа цена да не биде зголемена, односно да влијаеме повторно позитивно и да го одржиме стандардот на граѓаните, а со тоа да овозможиме рекордно ниско ниво споредено со другите држави во Европа на инфлација, односно на зголемување на трошоците за живот.
Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.
Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите. Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните. Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран.


