Кривичниот суд го одобри обвинението на СЈО за случајот „Титаник 3

Сподели

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник 3“, потврдија од СЈО.

Судијата што ќе го води предметот и датумот за почетокот на судењето дополнително ќе бидат одредени.
Обвинети во овој случај се Ејуп Аљими, актуелен пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на ДУИ и Исмет Гури, член на општинската изборна комисија во Чаир.

Двајцата СЈО ги товари за уништување на изборен материјал.