Крводарителска акција на САЕ Тигар во чест на 13 март – Денот на единицата

Сподели

 

По повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР – 13 март, припадниците на оваа единица денеска (14.03.2023), во соработка со Црвен крст и со Институтот за трансфузиона медицина, на дело го демонстрираа хуманиот аспект од чествувањето на нивниот ден.
 
Преку крводарителска акција организирана во базата на САЕ ТИГАР, тие на дело ја покажаа својата хуманост, несебичноста, солидарноста и високата свест дека со само неколку минути од нивното скапоцено време, колку што се потребни да донираат крв, преку најскапоцениот дар, даваат дополнителен придонес во спасување животи.
 
 
 
 
Имено, ова е само една од неколкуте крводарителски акции, како индивидуален одраз на хуманост и на солидарност, што припадниците на САЕ ТИГАР ги реализираат според годишниот план за крводарителство на МВР.
 
Покрај тоа што придонесуваат за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, посебно радува фактот што меѓу крводарителите се зголемува бројот на нови полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи.