Спорт

Куп на Македонија за Сениори/ки: 17 машки и 16 женски атлетски дисциплини

Сподели:

 

Под максимално запазени здравствени протоколи, поради пандемијата на коронавирусот, Македонските атлетичари на Националната Арена “Тоше Проевски” во Скопје го вратија професионалниот спортот на Македонските спортските арени во најсиланата Сениорска категорија.

 

 

Без присуство на публика, без присуство на тренерите директно на терен, и со максимални мерки за заштита, Атлетичарите од сите градови се собраа на едно место, но мораа да се навикнат на „новата нормалност“ предизвикана од вирусот ковид-19. Настан под специјален протокол, сите мора да носат маски, се мери температура пред стартот на секој евент, а исто така, се дезинфицираат и реквизитите при секоја смена на натпреварувач. Учесниците може да бидат без маски само кога се на патеката. Во спротивно, мора да се внимава на протоколот.

 

 

Атлетичарите изминатите два дена имаа можност да се натпреваруваат во 17 машки и 16 женски атлетски дисциплини, а како најистакнати резултати можеме да ги издвоиме победите на Дарио Ивановски во трките на 10 000 и 5000метри, Дрита Ислами која финишираше прва во 4 дисциплини на 100м пречки, 400м пречки, 200м и 400м, Јован Стојовски кој одлично си го одработи својот настап освојувајчи 3 први места во трките на 100м , 200м и 400метри, Адријана Поп Арсова која со својот настап на средни патеки покажа дека може да се носи со резултатите од спринтерските дисциплини , тука е и фрлачот Стефан Стефановски кој имаше одличен настап во фрлање на Диск, и уште многу други квалитетни атлетичари кои почитувајќи ги мерките за заштита и протколите на Атлетката федерација ја искористија шансата во овие услови на светска пандемија да ги одмерат силите на тартанот .

 

 

Во екипен пласман Атлетските клубови бодовите во Женска конкуренција првите места ги освоија АК Делта со освоени 41 поен, за само 1 дог на втората позиција се најде АК Куманово со 40 поени и трето пласирани АК Охрид со освоени 24 поени, во Машка конкуренција Првото место го освои АК Студенти со освоени 35 поени, второ пласирани АК Охрид со 32 поени и како трети се пласираше клубот на АК Делта со освоени 27 поени.

Во севкупна конкуренција прво пласирана е екипата на АК Делта со освоени 68 поени, второ место  екипата на АК Куманово со совоени 50 поени и трето пласирани се АК Студенти со вкупно освоени 43 поени .

 

Воедно за прв пат на овој натпревар беше воведен и најсовремен систем за електронско мерење, како и систем за погрешен старт.

 

 

Сподели: